Новинарско „самоубиство“ на Саше Политико: Со себе ги повлече Димитров и Пендаровски (ВИДЕО)

Новинарот Саше Ивановски Политико изврши „новинарско самоубиство“ денеска во обид да ја оцрни професорката Гордана Силјановска Давкова која е носител на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 1 добил одговори од кои видно се вознемири и започнал да зборува на висок тон.



Ивановски кој важи за ударна тупаница на тимот за пропаганда на СДСМ на предизборен настан во градскиот парк во Скопје нс крајно агресивен начин со поставување на тези идентични на тие на партијата на Зоран Заев и се обраќал на професорката на што добил одговори кои се штетни за актуелните власти.

Според очевидци во текот на разговорот Ивановски кој бил видно нервозен се обидува да добие одговор за дел од објавените бомби кои Силјановска не ги слушнала а прашувајќи за поканата за на суд за Антонио Милошоски добива одговор дека за тоа најдобро може да каже министерот Никола Димитров кој заедно со Милошоски бил поднесувач на тужбата против Грција пред Меѓународниот суд во Хаг и имале и други службени блиски релации.

Диммитров и Милошоски беа ко-агенти на Македонија во процесот кој земјата убедливо го доби во Хаг во времето на старото ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со грешките на ВМРО-ДПМНЕ за кои Ивановски бара одговор од Силјановска, според присутни на настанот, таа вели дека и за тоа одговор треба да се бара од Димитров кој за цело време на владеењето на предходната влада бил на високи државни позиции.

Со прашањето за кариерата на лидерот на опозицијата Мицкоски, Ивановски во беља го стави и претседателот Пендаровски кој според разговорот не можел да се запише на магистратура и докторат затоа што имал низок просек на оценки како студент.

На прашањето на Ивановски како ќе гласа во Собранието ако не ги следи информациите професорката според очевидци му одговара дека ќе гласа како што бара уставот по сопствено убедување и согласно законите и интересите на граѓаните.

Ивановски објави делови од видеото на неговиот портал Мактел но тие не можат да се отворат од мобилен телефон.

https://maktel.mk/News.aspx?id=133356