Саша Узунов, австралиски новинар од македонско потекло на Денот на победата над фашизмот го повика бугарскиот претседател Румен Радев да дојде во Македонија и да направи гест како некогашниот германски канцелар Вили Брант во Полска.



„Ден на победата во Европа – Бугарскиот претседател Румен Радев треба како симболичен гест на помирување и пријателство да дојде во Македонија и да клекне на колена пред Меморијалниот центар на холокаустот и пред споменикот на македонските партизани од Втората светска војна и да им се извини на Евреите и на Македонците за бугарските злосторства во Втората светска војна“, објави Узунов, кој е и поранешен австралиски војник и ветеран од мировната мисија на Обединетите нации во Источен Тимор.