Новинарот што го постави прашањето за апсолутна власт на ДУИ бара извинување од Битиќи

Новинарот на ТВ Алфа Матеја Петровски кој го постави прашањето за апсолутна власт на ДУИ бара извинување од вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи.



Петровски на прес конференција го постави прашањето дали ДУИ може да владее со сите најважни функции во државата по што Битиќи избега а премиерот прашањето го нарече некоректно.

,,Прво барам официјално извинување од кабинетот на вицепремирот Fatmir Bytyqi. Целосно некоретно е со еден ваков потег да ми ја руши мојата личност и тоа нешто што можеби сум го изградил лично, пред се пред моите колеги и пријатели Албанци (кои за среќа ги имам многу).

Прашањето беше конкретно поставено за ДУИ како партија, а не за Македонец, Албанец или Македонци, Албанци, националност воопшто не беше ниту спомената.

А околу коректноста на прашањето, премиере Dimitar Kovacevski не постојат некоректни прашања, постојат само прашања на кои јавноста бара одговор, а ние новинарите сме тие кои треба да ги поставиме.

Поздрав и имајте убав ден”, им напиша Петровски на Битиќи и Ковачевски кои денеска се налутија како мали деца соочени со можноста ДУИ да ги добие сите главни државни функции ако пропаднат претседателските избори.

Битиќи нервозно напушти прес-конференција: Не му се допадна прашањето за целосно владеење на ДУИ со државата

Видеото од бегството на Битиќи и изјавата на Ковачевски