Американскиот новинар Такер Карлсон, наводно, се сретнал со поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден и со Тара Рид, која го обвинува актуелниот американски претседател Џо Бајден за сексуално малтретирање.



Главната цел на посетата на Карлсон на Русија, беше интервју со претседателот Владимир Путин.

Информацијата  ја објави порталот Семафор, кој неофицијално наведува дека Карлсон неколку часа разговарал со Сноуден, а снимал и интервју со Тара Рид.

Информацијата за другите две средбија објави порталот Семафор, кој неофицијално наведува дека Карлсон неколку часа разговарал со Сноуден, а интервјуто со Тара Рид го снимил.

Во јуни 2013 година, Сноуден предизвика голем меѓународен скандал пренесувајќи до Вашингтон пост и Гардијан серија доверливи материјали за програмите за надзор на САД и Велика Британија на Интернет. Потоа, тој одлетал во Хонг Конг, а оттаму во Москва, каде на крајот добил азил и државјанство.

Сноуден останал вон Русија зашто други земји се плашале да го примат

Тара Рид, која работеше како помошничка на Бајден додека тој беше сенатор, исто така бара руско државјанство и го обвинува својот поранешен шеф за сексуално вознемирување.