Новинарот и уредник во Канал 5 ТВ, Гоце Михајловски, е заразениот новинар за кој утрово информираше министерот за здравство, Венко Филипче.



Тој е и водител на емисијата „Само интервју“, во која во четвртокот и петокот гости му беа Зоран Заев и Христијан Мицкоски кои се наоѓаат во задолжителна самоизолација.

Од Канал 5, тврдат дека првично нивниот вработен немал никакви симптоми, а правен и тест во приватна клиника, кој бил негативен, пренесе „360 степени“.

„Викендот на 28 и 29 март оваа година, колегата Михајлоски бил во посета на своте родители во Прилеп, од каде во понеделникот, на 30ти март, продолжува со работа во дневно-информативната редакција, без никакви елементарни сомнежи ниту симптоми.  

Новинарот во четвртокот и петокот, во емисијата ‘Само интервју’, гости му беа Зоран Заев и Христијан Мицкоски, последователно, при што беа запазени сите протоколи.

Првите симптоми кај колегата Михајлоски се појавиле во ден недела, 5 aприл, кои биле во форма на малаксаност, замор и главоболка, по што веднаш околу 17.00 часот го напуштил работното место“, велат од Канал 5 ТВ за „360 степени“.

На 7 април, во утринските часови, поради зголемената температура прави тест преку крв во една приватна болница, кој покажува дека е НЕГАТИВЕН на коронавирусот. Во четврток, 9 април, колегата Михајловски заминува во градската болница ‘8-ми септември’, каде е примен, а утринава не информираше дека сепак е позитивен на ковид-19“, велат од телевизијата посочувајќи дека во соработка со Министерството за здравство ќе ги преземат сите чекори за надминување на „несреќната здравствена состојба“, велат од телевизијата.