Државни институции истражуваат дали новинарот Момироски го прекршил законот со јавна употреба на терминот ,,Бугарски фашистички окупатор”.
Ова го откриваат извори во Државата комисија против дискриминација која на барање на здружение на граѓани со бугарско самочувство бара одговори од новинарот.
Тужителите бараат комисијата да го казни новинарот на емисијата Заспиј ако можеш и колумнист на expres.mk за извршена дискриминација.
Според ,,обвинението” Момироски објавил личен став според кој бугарските окупаторски сили за време на окупацијата на Македонија од страна на царска Бугарија во втората светска војна биле фашистички.
Момироски потврдува дека од него се бараат одговори за противправно однесување од страна на државни институции но не сака да коментира за случајот кој го оценува како смешен и на граница на лудило.
Тој вели за просецот дознал деновиве, дека ќе постапи согласно законот и ќе одговори на обвинувањата против него.
Момироски се уште е под истрага за две кривочни дела од Кривичниот законик од страна на Скопското обвинителство за прекршување на законот за здравствена заштита а има уште 5 други кривични пријави за кои вкупно му се закануваа над 50 години затвор.
За двете активни кривични дела нему ме се закануваат максимални 15 години затворска казна.
Предходно цел на сличен напад беше и водителот Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит но комисијата тогаш го отфрли барањето тој да биде казнет.






