Новинари вечерва продолжуваат да ја бомбардираат со прашањата градоначалничката на Скопје , Данела Арсовска а таа никако не го открива тајниот тендер ни за ,,жива глава”.
Откако на фејсбук се пофали дека годинава биле заштедени пари за украсување на Скопје преку транспарентна постапка Арсовска не кажува каде бил објавен тендерот од 30 илјади евра кој ја опфаќа и мизерната елка на плоштадот Македонија.
Откако таа реши да крие каде завршиле 30 илјади евра новинарите почнаа со прашања на нејзиниот профил на Фејсбук каде таа не одговара.
,,За претходните години знаеме, туку за годинава – кој го доби јавниот повик и за која сума? Каде е објавен? Зошто на веб-страницата на Град Скопје и на Биро за јавни набавки го нема?
Тоа што се правело во минатото не ги одговара прашањата за тоа што се прави сега”, и пишува на Арсовска новинарката Мери Јордановска.
,,Градоначалничке, во листава се повиците за сите години освен 2023 година. А сега е 2023 година. Каде е тој јавен повик”, прашува Мирослава Симоновска.
,,Строго доверливо 😊”, коментира иронично Ана Антевска.
Меѓу коментарите од познатите новинарки се најде и забелешката од Јосиф Џолев:
,,Да да, ќе се испотепа да одговори.
Тој претходниот ќе ме опцуеше, ќе му вратев, па Номче ќе ми пишеше во инбокс, па ќе му вратев, па..
Ова чедо Данела, не те есапи 2%.
Таа никому ништо не е должна да објасни, невиден занес потрес.
За Данела (да искористам прилика Мери, ме игнорира ко никој претходно, барем да ме блокира):
Данела, ти реков, барем да уапсеше еден што ги кажуваше по емисии пред избори дека ќе апсиш, се ќе ти беше ок со мандатов, но 2 години ти нит апс, нит муабет со граѓани, нит муабет со медиуми, нит грам работа. Единствено нешто што си сработила е промена на сите директори што ги имаш поставено лично ти и задржување на страшно лошиот ПР што го имаш наследено од тоа претходното говедо. 2 ипол години на град Скопје градоначалничка, си се прашала ли ШТО? Што направив јас овие години за паметење??,.. абе музиката од МОБ покрај кеј или на фонтана на плоштад, што ја укина од љубомора говедоно пред тебе да ја вратеше!?, ниииишто невесто, ниииишто!!
Не си свесна каков “кенсл калчр” те чека после пролет, срамота ќе биде”.
Статусот на градоначалничката на Скопје и сите коментари на кои не одговара Данела Арсовска на овој линк





