Македонската новинарка Сашка Цветковска е дел од тимот што откри дека екс шефот на УБК Сашо Мијалков не пријавил 2 милиони евра имот.
“Извештајот на Глобална иницијатива против меѓународниот криминал го цитира истражувањето за имотот на директорот на УБК Сашо Мијалков кое го работевме со колешката Pavla Holcova којашто е интервјуирана за оваа публикација. Ова е мојата најдрага работа. Ефект во држава во којашто владее неказнивоста секако нема да има веднаш, но секое изложување на проблемите на меѓународно ниво на овие лица и групи им го отежнува и загорчува животот. Некогаш оди бавно, но дефинитивно не е endless battle”, пишува Цветковска во врска со извештајот во кој се разоткрива Мијалков.
Цветковска најавува дека наскоро ќе излезат и други слични извештаи за Макеоднија.
“Внимавајте дечки, затоа што со драгата Павла работиме на нови приказни ???? #watchout”, пишува Цветковска на Фејсбук.
Текстот на двете новинарски за милионите на Мијалков
Гласот на Америка: Мијалков скрил 2 милиони долари од законот





