Со одлука на директорите на СДСМ и ДУИ во Фондот за здравство долгогодишната новинарка која го покриваше ресорот здравство Менче Точи станала раководител на оддел за комуникации.
Одлуката врз основа на оглас објавен пред нова година е донесена на 21 јануари годинава.
Со одлуката Точи станала Раководител на одделение за комуникации и поддршка во Фондот за здравствено осигурување.

Точи работеше во згаснатата А1 ТВ и важеше за една од најдобрите новинарки за здравствени теми а неодамна беше меѓу новинарките кои беа критикувани за забавата пред Нова Година на која повеќе претставнички на медиумите без маски се сликаа со министерот за здравство Филипче.

Госпоџа Менче Атанасова Точи се ухлеби во Фонд за здравство, та не за џабе се акаше по прослави во ек на пандемија со госпо’н @VFilipche.
* Туку видете Гетева како е, да не ѝ се снеарни. pic.twitter.com/YRIKeEWqbq— Wicked Mrchatina (@Mrchatina) January 27, 2022
Новинарката лично потврди дека оди во Фондот за здравство
Конкурирав регуларно: Точи потврди дека заминува од новинарството






