Бидејќи ова е четврти ден по еден од поголемите ужаси што се случиле во државата, должни сте да излезете, особено после овој статус на Фејсбук, и да одговорите на три едноставни прашања.
Не наредната недела, туку сега и одма, му порача новинарката на А1.Он Мери Јордановска на премиерот, откако Зоран Заев денеска најави дека ќе чека да заврши истрагата за пожарот во тетовската болница па потоа ќе одлучел даали да ги прифати понудените оставки.
-Како вие, како премиер, ќе бидете запознаени со деталите од истрагата, ако имаме строга поделба на власта? Свесни сте ли воопшто што ни соопштивте во моментов?
– Каква допирна точка има чувството на морална одговорност, со евентуална кривична одговорност?
– Свесни ли сте за можноста за влијание врз сведоци од позиција на моќ, кога станува збор за министер, заменик министер, директор?
Живи изгореа 14 луѓе. Во болница. А вие зборувате за политички пресметки, премиере, пишува Јордановска.







