Една од водечките новинарки за естрада во Македонија Валита Хефнер Киедис тврди дека македонски пандан на српскиот пејач и боем Тома Здравковиќ е покојниот кантавтор и вокалист Кенан Таировски – Кени.
,,Неговиот живот беше многу побоемски и со многу трње низ ружите. Како тинејџерка му го давав мојот кревет, а јас одев на тросед да спијам стуткана в дневна, му купував млеко, го лекував, секогаш кога ќе претераше и дојдеше кај нас на престој, со денови, недели…
Си беше како дома. Мајка ми го караше, Татко ми бегаше, Брат ми своја шема, јас останував со него. И се мене ми се обраќаше. Поради еден негов гест на некој начин се одлучив да го работам ова што сега го работам.
Душа чоек💓. Со спефицичен карактер.
Сакаше многу жени, страдаше по нив, ги тетовираше на себе, им пишуваше песни, имаше милионски тиражи во бивша Ју, 4.000.000 продадени носачи на звук само во Ју. На крај не му дадоа ни пензија.
Неговата прекрасна внука до крај на Животот остана со него да го негува и гледа… “Сам со чашата” е една негова песна…
Живот со алкохол е зафркната работа! Не се промашените љубови во прашање, љубови се наоѓаат секогаш, чашката е… Не ја глорифицирајте!!!”, пишува новинарката за ,,македонскиот Тома”.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10159633567389264&id=701379263
На Јутјуб има повеќе видеа со овој малку познат пејач за актуелната поширока македонска музичка публика.






