„…се прашувам, што е пораката на фотографијата со текст “во утринскиот воз за Велес?” -коментира новинарката Ида Протуѓер објавата на шефот на државата која содржи пет зборови и фотографија од Стево Пендаровски фотограгиран дои прозор во воз во движење.



„Ми личи како оние сликовници „Марика се вози во авион“.

Би било убаво да има потегот одредена порака кон подигнување на квалитетот на живот, освен таа дека се брендира себе си како непосреден човек, а не елита. Тој сигурно нема секој ден да се вози во јавен превоз и ова ќе остане на шминка.

Така, наместо вредност “јас одбирам јавен превоз пред службено возило”, ќе биде “се сликам за да прикажам како непосреден човек”.

Што имааат граѓаните од тоа? Нивниот живот нема да се подобри ако се ракуваат со него во воз, туку ако иницира дебати, мерки и решенија кон политики кои ќе го подобрат квалитетот на живот.

Точно, тој нема извршна власт, но неговата функција му овозможува да навигира процеси. Возењето во воз на пример, може да го искористи со таа намена.

Дали на граѓаните им препорачува да користат јавен превоз? Дали проверува колку превозот е ефикасен?

Дали го промовира како квалитетен, ако имал на пр. настан во Велес па наместо со службено возило тргнал со воз.

Што е поентата?

Како тој непосреден контакт со граѓаните ќе го подобри квалитетот на живот?!? На пример пост со опис какво искуство имал во возот (времетраење, хигиена, точност) може да биде конструктивен критика и комуницирање на потребата од повеќе инвестиции во модернизирање на железничкиот сообраќај.

Да организира експертска дебата околу ресурсите за инвестирање во јавниот превоз и железнички сообраќај и да покаже дека одредени точки и проекти кои значително влијаат на квалитет на живот се приоритетни.

Јас го знам Пендаровски уште од време на соработката во време на кризата 2001. Тој отсекогаш бил отворен и непосреден, не е ова лажен имиџ.

Но верувам дека неговиот капацитет е поголем одошто да остане на интересна слика и ПР за дневна доза рекламирање“-пишува новинарката Протуѓер на Фејсбук