„БеИН Спортс“, телевизиска мрежа која има спортски канали на четири континенти и дури во 13 земји, во а туската верзија направи уникатно интервју.
Симпатичната и шармантна турска новинарка Сејхан Шашко го водеше интервјуто со македонскиот репрезнтативец Горан Пандев на течен македонски јазик и направи овој разговор да биде навистина посебен, а и одговорите на нашиот напаѓач беа навистина исцрпни и опфатија повеќе теми.
Инаку, Сејхан Шашко подолго време е актуелна турска новинарка и е составен дел од спорстката сфера во оваа земја, а нејзиното потекло е од Охрид и поради тоа одлучила интервјуто да го направи на македонски јазик.








