Новинарка ја прогласи ДУИ за најголемо зло во историјата на Македонија

Новинарката Арбноре Мехмети преку однесувањето на партијата на Ахмети во случајов Турска Чаршија смета дека во македонското општество немало поголемо зло од Демократската унија за интеграција. Мехмети од случајот заклучува дека луѓето на ДУИ уништуваат се што можат да уништат.



,,ДУИ е најголемото зло што му се случило на ова општество.
Овие луѓе уништуваат се”, пишува Мехмети која не се плаши да се соочи со моќната партија која ја предводи владата.

Популарната Норе цитира твитер пост на извесен Дарко Арсовски кој пишува дека во Старата Турска Чаршија која е заштитена со закони за културно наследство е урната зграда стара 100 години за да се градат нови згради.