Премиерот Ковачевски не престанува да се резили.
Денеска на организиран настан, додека новинарите го прашуваа министерот Бектеши за изворите со кои Македонија ќе се снабдува со гас по поскапувањето на рускиот гас, Ковачевски не престана да се смее зад неговиот грб.
Новинарите реагираа на несоодветното однесување на Ковачевски кој со потсмев се им обрати и ги праша: Дали уште некој има прашање за гас или немате толку знаење?
Новинар му порача: Премиере, треба да бидете малку покоректни и посериозни затоа што статистиките за слобода на говор се влошуваат!






