Новинарите на настан само со ковид-сертификат

Владата вчера го дополнила Протоколот за организирање на настани со медиско присуство, а измените се однесуваат на следењето на настани од страна на новинарите и медиумските работници.



„Задолжително е поседување на ковид сертификат за примени две дози на вакцини или потврда за прележан ковид не постар од 45 дена од денот на прележувањето“, соопшти владиниот портпарол Мухамет Хоџа.