Независниот синдикат на новинари и медиумски работници смета дека со новиот Закон за пензиски фонд што Министерството за труд и социјална политика се очекува да го предложи следната година, новинарите би требало да уживаат и статус на бенефициран работен стаж и други придобивки.
Новинарите се често изложени на секакви притисоци при извршување на секојдневната работа, а често и на ризик при известувањето па се случува и самите да станат „вест“.
Според директорот на ЗНМ, Драган Секуловски, законот во моментов не им одговара на новинарите по прашањето на безбедноста и материјалните приходи.
Од ЗНМ потсетуваат дека во последниве пет години имало 60 напади врз новинари и медиумски работници, од кои само два се расветлени.





