Во последните месеци, Заев натрупа многу негативност во односите на Бугарија со акедонија, бидејќи патуваше како продавачка за цвеќе во сите европски метрополи за да создаде фронтови против Бугарија.
Ова го изјави на Бтв новинарот Коста Филипов, инаку поранешен дописник од Скопје.
Новинарот вели дека македонскиот премиер неколку пати се обидел вербално да упати навредливи зборови кон бугарската држава,пренесе Нуз.бг.
„Потпишувањето на договорот за соседство во 2017 година беше многу важен чекор. Бугарија тогаш мораше да исполни геополитичка задача и да и го отвори патот на Република Македонија кон европската интеграција“, вели Филипов.
Според него, и од страна на Бојко Борисов и на Зоран Заев, се покажа дека човекот во кого го гледа главниот партнер со кој може да работи и досега работел, е поранешниот бугарски премиер.







