Новинарот на ТВ Клан Фуркан Салиу открива дека само за музички дел од прослава за јубилејот 20 години откако ДУИ влезе во владата, владеачката партија плаќа фантастични 69 илјади евра на музичари и за озвучување.

,,Ќе ви раскажам една кратка приказна што ја слушнав од еден старец од Бит Пазар.
Снимавме нешто блиску и тој застана и ми раскажуваше:
„Пред 2001 година немаше Албанец што имаше количка на пазар, денес ги имаат сите Албанци. Имаше и момчиња кои шетаат низ шопинг и за 30 денари ги носеа торбите до колата”.
Не сакам да ги потценувам луѓето кои се потат за секој денар и за својот труд, но оваа приказна многу добро ја отсликува состојбата на овој народ.
Со сите овие зголемувања на цените, граѓанинот кој работи за 3,4 лица во семејството, тешко може да ги плати сметките, а да обезбеди и залак леб на трпезата.
А што прави владејачката партија?
За прослава троши 100.000 евра” пишува новинарот кој ги открива имињата на музичарите за кои тврди дека добиваат огромни хонорари за учество на прославата на ДУИ:
,,ЛЕДРИ ВУЛА – 8000
ДАФИНА ЗЕЌИРИ – 7000
БАРХИ – 4000
НОРА ИСТРЕФИ – 4000
LUMI B- 4000
ТАЈНА – 7000
БУТА – 4000
ГЕТОРА СЕЛИМИ – 7000
S4MM – 4000
ДВЕ СЦЕНИ ПЛУС РАЗГЛАС – 20 000
ВКУПНО: 69.000″, пишува Фуркан Салиу кој ги наведува сите штетни процеси кои се случуваат од како е ДУИ на власт во 2002 година.

,,Ајде ок, славиш, ама за што?
20 години…
– Доживотни функционери
– Приватизирани институции
– Силување на културата, образованието и спортот
– Масовен егзодус на младите
– Два автопати = 20 години
– Локални политички поддржани банди во секое маало
– Поранешен политичар назначен за судски обвинител да ги брани овие банди
Па, што се 100.000 евра за партија која произвела десетици милионери.
ЈАДЕТЕ, ПИЈТЕ И ПОЛНЕТЕ ЏЕБОВИТЕ”, им порачува Салиу на владеачките функционери.






