Новинар објави политичко самоубиство на политичар на СДСМ

Новинарот Борјан Јовановски смета дека градоначалникот на општина Центар од редовите на СДСМ ја завршил својата кариера како татко на најбогатата македонска општина Центар но и како политичар.



“На улица Орце Николов политички се самоуби Саша Богдановиќ …”, напиша Јовановски на Твитер.

Вчера на една од култните скопски улици локалните власти ги исекоа дрвата за кои тврдеа дека се исушени но фотографиите и видеата објавени од местото на селата покажуваат дека најголем дел од исечените дрва се здрави и немало потреба од нивна сеча.