Во соопштението на ФСБ се вели: „Незаконските активности на дописникот на московското биро на американскиот весник The Wall Street Journal, американскиот државјанин Еван Гершкович, роден во 1991 година, акредитиран во руското Министерство за надворешни работи, осомничен за шпионажа во интерес на Америкаската Влада, се потиснати“.
Државната новинска агенција ТАСС објави дека тој бил приведен во Екатеринбург, на источната страна на планините Урал.
Во соопштението на ФСБ се вели дека Гершкович бил приведен „додека се обидувал да добие тајни информации“ во врска со „активностите на едно од претпријатијата на рускиот воено-индустриски комплекс“.
Според био-страницата на Гершкович на веб-страницата на Wall Street Journal, тој ги покрива Русија, Украина и поранешниот Советски Сојуз. Тој претходно работеше за новинската агенција Франс прес, Москва тајмс и Њујорк тајмс.



