Новинарот и уредник на Телма Боби Христов ја обвини актерката Јелена Жугиќ која е член на ВМРО-ДПМНЕ дека молчела кога Груевски градел со материјал кој личи на мермер а се буни за планот на Шилегов да ја урива Универзалната сала во Скопје.
“Што убаво е да си опозиција, ама за среќа „вакцина“ и „5G чипови“ за амнезија нема – Жуѓиќ сега ќе го спасува Скопје… А мермерот што не е мермер ама личи на мермер – не и сметаше. Тогаш желбите на вождот беа закон !!!”, пишува Христов користејќи ги хаштазите
#мојачудеснаМакедонија и
#дневнадозамрчење.
Наместо одговор од Жугиќ новинарот добива десетици одговори од други твитерџии кои го обвинуваат за двојни стандарди и обид за одбрана на СДСМ.
Сите коментари на твитот на Христов овде:
Што убаво е да си опозиција, ама за среќа „вакцина“ и „5G чипови“ за амнезија нема – Жуѓиќ сега ќе го спасува Скопје… А мермерот што не е мермер ама личи на мермер – не и сметаше. Тогаш желбите на вождот беа закон !!!#мојачудеснаМакедонија#дневнадозамрчење
— Bobi Hristov (@bobihrist) July 29, 2020
Жугиќ вчера обвини дека Шилегов сака да ја урива Универзалната сала за да се градат 50 згради.
Линк до изјавата на Жугиќ






