Новинар и помага на власта да ги најде тепачите на Божиновски

Профилот Лошото Хуго зад кој на Фејсбук стои исто така новинар и еден од најдобрите познавачи на правосудниот систем во Македонија и помага на власта да ја фокусира својата истрага со цел да ги најде напаѓачите на Зоран Божиновски кој брутално беше претепан пред неговиот дом во Битола.



,,Божиновски најавуваше дека ќе оди на вчерашната трибина на СДС, за да им поставел некакви прашања на “Ќурка и Колбасо”. Бидејќи јасно е кои се овие луѓе, нека не се расплинува истрагата многу! П.с. на претходната трибина на истата партија не бил пуштен да влезе!”, пишува новинарот Саше Димовски.

Божиновски во своите написи премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски ги нарекува ,,Ќурка” и ,,Колбасо”.

Цели 36 часа по нападот полицијата не ги најде напаѓачите на новинарот.