Основачот и сопственик на бугарската новинска агенција БГНЕС, долгогодишниот новинар Љубчо Нешков, денеска го повика бугарскиот премиер Бојко Борисов да го прекине молкот и да се изјасни по повод изјавите на сметка на Македонија од страна на вицепремиерот и министер за одбрана, Красимир Каракачанов кои, според него, го уриваат авторитетот на Бугарија.



„Почитуван г-дин премиер, Во изминатите три дена вашиот заменик систематски го урива сето добро што го создаде бугарската држава во нашите односи со Република Македонија во последните 18 месеци“, пишува Нешков во обраќањето до Борисов.

!„За прв пат од 1945 година наваму, во Република Македонија, бугарски политичар во Вашата личност бил повеќе почитуван дури и од локалните лидери.

И овој поглед е сосема заслужено благодарение на Вашата реакција за Никола Груевски, кога во далечната 2015 година изјавивте дека Ќ’не сакате дури да го гледате!’”, пишува Нешков.

За однесувањето и изјавите на Каракачанов, вели дека не е изненаден и вели дека Борисов, како премиер е должен „поради однесувањето на Красимир Каракачанов да оговори на што се должи таа омраза кон „неосвестените Македонци“.

Нешков, го потсетува премиерот дека Бугарија ја спасила Македонија во три наврати. Во 1992 година при прогласувањето на нејзината независност, за време на грчкото ембарго и, за време на суровото надворешно мешање завршила со погромот на македонскиот парламент на 27-ми април.

Се потсетуваме на ноќта на 27-ми – тоа беше врв во вашата искрена загриженост кон Македонија“, пишува нешков и му порачува на Борисов:

Молкот никогаш не бил злато во одлучувачки историски моменти. Бугарско-македонските односи имаат јасна перспектива. Не рушете готрасираниот пат на кој сите во Европа се восхитуваат, заклучува Нешков.

Новинарот Љубчо Нешков и основач на БГНЕС во 2001 година, е роден во Скопје во 1964 година.