Русија порача дека ќе одговори за да ги заштити своите интереси ако Литванија веднаш не ја повлече забраната за транзит на дел од стоката за руската енклава Калининград.
Литванските власти забранија минување на стоката санкционирана од Европската Унија преку својата територија, што ја вклучува единствената железничка рута меѓу Русија и енклавата меѓу Полска и Литванија.
Забранетата стока вклучува јаглен, метали, градежни материјали и напредна технологија.





