Нови слики од луксузот за кој владата тврди дека не е на Заев

На социјалните мрежи од утринава се објавени нови фотографии од вила во Грција, за кои се тврди дека се од вилата за која бугарските медиуми тврдат дека е на семејството Заеви.



Бугарските медиуми „Биг5.бг“ и „Афера.бг“ објавија фотографии за кои тврдат дека се од вилата на семејството Заеви, вила која се наоѓа на Халкидики во елитниот комплекс „Вила Агониси“.

Иако бугарските медиуми воопшто не ја спомнаа, македонската влада вчера демантираше дека Зоран Заев има имот на негово име во Грција. Од владата не открија дали некој од неговите блиски роднини или пријатели поседува имот на Халкидики.

Последна вест

Македонија е на отворено, сега се гледа кој и е пријател а кој посега по туѓото

Член на МАНУ за уцените од Софија: За трагедија не треба многу