Вчера (10мај), по две големи трагедии и масовни убиства, Србија беше потресена од уште една шокантна вест:
Маж убил девојка во козметички салон во Нови Сад. Тој, како што дознава „Блиц“ и претходно била пријавуван за насилство врз поранешната партнерка и имала забрана за приближување.
Откако ја убил девојката, тој се самоубил.
31-годишниот маж работел во продавница за оружје која се наоѓа недалеку од козметичкиот салон во којшто работела девојката(26) и украл оружје со кое го извршил убиството.
Инаку, како што јавува Н1, тој бил ловџија и поседувал оружје легално, се додека не му било одземено оружјето поради пријавата.
Вчера тој најрво пукал во излогот на салонот, а потоа влегол внатре и испукал четири куршуми во девојката. Потоа пукал во себе, а двајцата починале на лице место.
Според официјалните податоци објавени минатата година, повеќе од пет жени и девојчиња се убиваат секој час во светот од нивните партнери или други членови на семејството. Во истражувањето се наведува дека најголема веројатност дека жена или девојка ќе бидат убиени е во таканаречена безбедна средина, пред се дома, пишува Блиц.







