Последниве триесетина дена владината модна икона, министерката за одбрана Славјанка Петровска, покажа раскошна колекција на модни парчиња кои ја прават најдобро облечен член на владата.

Во повеќе наврати министерката Петровска во текот на Мај им покажа на своите колешки во владата како треба да се облекува еден член на владата, во исто време отмено, умерено, конзервативно но и атрактивно.
Министерката за одбрана покрај добриот избор на дезени има истенчен вкус за избор на бои кои одлично ги прилагодува на политичкиот контекст на средбите каде Петровска ги покажува своите модни парчиња.
Петровска се уште во јавноста не открива каде ја набавува престижната гардеробата што ја носи во јавност.
Владината модна икона доби конкуренција во колешка од Илинденска



















