Нови потресни сведоштва за бугарските фашистички ѕверства врз Македонци

Вчера пренесеното сведоштво на новинарката која објави што му се случувало на нејзиниот дедо и други Македонци во втората светска војна иницираше и други луѓе да ги раскажат семејните стории во кои се зборува за ѕверствата на бугарските фашистички сили во Македонија за време на окупацијата од 1941-1944.



Овие сведоштва ги раскринкуваат лагите на бугарскиот претседател кој изјави дека десетина илјади бугари умреле во наводни македонски кампови без да даде ниту еден аргумент за своето тврдење.

Румен Радев притоа не ги спомена страдањата на македонскиот народ под бугарска фашистичка окупација.

Во новото сведоштво се пренесува исказ на баба која живеела во село од Осоговието каде бил активен одредот на Вера Јоциќ.

,,Селаните ги помагаа партизаните кои се бореа воглавно против Бугарите, друга војска немаше. Единствено Бугарите беа понови поробители од Србите а партизаните беа формирани како Македонски. Бугарите доаѓаа и го малтретираа месното населени за дадат исказ за нивните позиции.

Така еден ден не поредија нас децата и бараа да кажеме но имаше и повозрасни како кој кажеше дека не знае добиваше ќотек.

Така еден човек по име Атанас се исплаши од малтретитање и кажа дека партизаните се на излезот од маалото и се кријат во колиба која беше недалеку.

Тогаш војската прати дајца да проверат по што предадените партизани беа совладани од бугарската војска. Партизаните се обидоа да се дадат во бегство кон околната шума но не успееја бидејќи запука цела војска.

Ни наредија да не ги погребуваме зошто ќе дојдат ќе не убијат сите и малото ќе го запалат.

Речиси месец имаше реа додека од убиените додека не дојдоа партизаните кои ги погребаа.

Потоа му се одмаздија на предавникот, лично Вера Јоциќ”, пишува во сведоштвото за бугарското фашистичко насилство врз Македонци испратено од читателот Д.Г. до expres.mk кој сака да остане анонимен поради страв од одмазда.

Поврзани вести

Внука на Македонец роб во бугарски фашистички логор: Радев, претседател а обичен лажго

Ќе влезат ли Радев и Петков во војна и со Стивен Спилберг кој стои зад видеото

Против бугарските лаги и изјавите на легендарната Нета Коен, Ребека од ,,Трето Полувреме”