Нови моменти: 27 април го “спасуваат” Бајага и Петревска Блага

Завршните зборови за судењето на наводните организатори на случајот 27ми Април наметнува уште едно невообичаено прашање што досега не беше воопшто отворено: Што сакаше да каже Русковска со информациите дека Блага Петреска и Бајага биле дел од случајот кој се води како „терористички заговор“ на 27-ми април?



Зачуденост и шок, но не од детали кои јавноста досега не ги знаела за 27-ми април, туку од потегот на обвинителството како „клучни докази“ да понуди смс пораки во кои лица зборуваат дека е добро што Момчило Бајагиќ – Бајага ги поддржал протестите на Заедничка Македонија, како и дека би било добро доколку Блага Петреска го стори истото.

Ова не е вест од рубриката „Верувале или не“, туку е сублиматот на презентираните смс пораки кои како доказ ги понуди Вилма Рускоска на денешното последно рочиште на кои таа можеше да изведува дополнителни докази, со цел да докаже дека обвинетите лица смислиле пеколен план и организирале терористички крвав упад во Собранието на 27-ми април.

Наместо такви детали за организирање терористички удари, јавноста слушна содржина на СМС пораки околу поддршката на естрадните ѕвезди на протестите За Заедничка Македонија. Пораки пишувани 2 месеци пред немилите настани и кои немаат никаква врска со случувањата на 27-ми април.

Дополнително, истите се извлечени од телефонот на Елизабета Канческа Милевска во 2018 година, односно Рускоска ги знаела сите овие години и не ги искористила до денес, веројатно сметајќи дека таков потег би бил за потсмев не само во обвинителската фела, туку во целокупната јавност.

Овој потег според многумина упатени во правосудните собитија може да се анализира и низ призма на поговорката „очајни времиња носат очајни потези“. Во меѓувреме се очекуваат соодветни реакции пред се од јавноста, но пред се од судот.

(продолжува)

Предходно Русковска имаше и други интересни ситуации денеска во судот

Го саботира ли Русковска “својот” случај за 27 април?

ПРОДОЛЖУВА