Министерот за здравство Венко Филипче, по загрижувачкиот пораст на бројот на корона-случаи во изминативе десетина дена, вали дека одделни карантини, по примерот на Дебар, нема да има и дека нема простор за паника.



„После иницијалното прилично нагло зголемување во изминативе недела-две, бројот на нови дијагностицирани случаи се стабилизираше на близу 10 отсто од вкупниот број на тестирања. Засега нема знаци да се препорача и некаква друга дополнителна поблага рестрикција, а далеку од целосен карантин“, оцени министерот.

Но, тој не офрли воведување на поблаги мерки:

„Тоа би било ограничување на бројот на луѓе на јавниот превоз, целосна забрана јавните собирања, евентуално маските и на отворено – се ќе биде врз основа на податоците кои што може да ги извлечеме од случаите“ рече Филипче.