Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не се чуствуваат орговорни за скандалот со 12 илјади граѓани на кои не им биле уплаќани придонеси за пензиско осигурување во вториот столб, но признаваат дека ненавремено ги распоредувале осигурениците и дека парите од придонесите ги користеле за потреби на ПИОМ.
Најголемиот број на нераспределени осигуреници тврдат дека се од периодот од 2003 до 2007 година, а не од 2009 и 2010 година, дознава „Телма“.
Власта знаела, но ја објавила пензиската афера со задоцнување, јавува „Алфа“. Пари за обесштетување на 12-те илјади граѓани биле предвидени со буџетот за годинава,потврди министерот Драган Тевдовски, но кога во ноември го презентираше буџетот за 2019-та, Министерството за финасии не информираше.
За обештетување на 12-те илјади граѓани со буџетот за оваа година се обезбедени 19 милиони евра.
Исни Јакупи, Беким Незири и актуелниот директор Шаип Зенељи се кадрите на ДУИ кои 10 години раководат со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, информира ТВ24.





