Нови балкански мафијаши со македонски пасоши кои Спасовски не ги уапсил

Шест месеци откако МВР според министерот Спасовски почнало истрага шеф на албански нарко картел кого го барале повеќе европски служби се сликал во македонска полициска станица, добил пасош и заминал во трета земја.



Пратеникот Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска откри дека полициски службеници во МВР им издале македонски пасоши со лажен идентитет и на водачот на познат нарко-картел од Албанија, Флоријан Мусаи, и на егзекуторот на црногорскиот мафијашки клан Калачи, Стеван Ѓулиќ.

Според Николоски, Мусаи со македонски пасош патувал во Јужна Америка, а Ѓулиќ со патна исправа издадена од македонските фалсификатори извршил обид за атентат во украина.

“На 17 јули 2019 МВР издало пасош со број Ц1265083 на шефот Флоријан Мусаи, со име Наум Фила како позајмен идентитет. Во октомври 2019 пристигнал во Јужна Америка со македонски пасош, најверојатно патувал низ повеќе држави на Европа и Јужќна Америка, а познат е по тоа што организирал трговија на 91 килограм Кокаин во вредност од 20 милиони евра. Стеван Ѓулиќ се гони за обид за обид за убуство како платен убиец на калашкиот клан, под променето име како Каче Ѓерѓи” рече Николоски на денешната прес-конференција.

Пратеникот прашува зошто ова беше премолкувано до отворањето на аферата.„Мафија“, односно до полицската акција „Двојник“.

На прес конференцијата Николовски ја демантираше еден од уапсените полициски фалсификатори имал секојдневна комуникација со лидеорт на ВМРО-ДПОМНЕ, Христијан Мицкоски, како што денеска тврдеше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.