Нови 96 случаи на коронавирус за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.314 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19:



Од Скопје – 63, Битола – 15, Куманово, Кичево и Берово – по 3, Тетово и Охрид – по 2, Прилеп, Кавадарци, Велес, Штип и Свети Николе – по еден.

Не се регистрирани случаи на починати од последици од Ковид-19.

МЗ информира за 88 оздравени пациенти