Нови 87 случаи на корона, пријавени уште 3 починати во мај

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.384 тестови, а регистрирани се 87 нови случаи на КОВИД-19.



Од нив во Скопје – 54, Охрид – 9, Битола – 8, Прилеп и Берово – по 3, Велес, Штип и Кочани – по 2, Тетово, Кавадарци, Гостивар и Неготино – по еден.

Од вкупниот број на позитивни (87), регистрирани се 10 реинфекции.

Регистриран e 141 оздравен пациент.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица, но согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани 3 починати лица од: Скопје (2) и Охрид (1), на возраст од 64 до 74 години. Две лица се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 08.05.-28.05.2022 година.