На 511 лице им се издадени решенија за изолација, а 70 лица потпишале изјави за самоизолација, во изминативе 24 часа.
Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Спред уредба на владата од 22 април, сите домашни и странски физички лица, симптоматски и асимптоматски, на кои им е извршено тестирање за присуство на коронавирус КОВИД-19 во нивниот организам, се ставаат во задолжителна самоизолација и тоа од моментот на земањето на материјалот за тестирање (брис од уста, брис од грло, брис од нос, крв и слично), сé до добивањето на негативен резултат.





