Американската амбасада во Атина ги повика американските туристи во Грција да преземат превентивни мерки –средства зазаштита од инсекти, носење долга облека, избегнување на области со застоена вода – откако ширењето на вирусот на Западнонилска треска достигна алармантни нивоа
Центарот за превенција и контрола на болести објави 107 случаи на заболени оваа година од кои 11 завршиле со смрт.
Само минатата недела, починаа шест лица а пријавени се нови 30 случаи на заразени со вирусот.
„Се очекува нови случаи да бидат дијагностицирани во наредниот период“ се вели во извештајот на Центарот.





