Бројот на заболени од Ковид-19 во Македонија се зголеми за 520 од 3.023 тестирања во последното деноноќие и достигна 87.117 од почетокот на епидемијата, а бројот на починати се зголеми за 12 и сега е 2.647.
Четири од починатите се од Скопје на возраст од 88, 50, 82 и 65 години,
по двајца од Струга (79 и 81) и од Охрид (94 и 66), како и по еден од Дебар (72), од Струмица (79), од Крива Паланка (59) и од Кичево (70).
Сите од овие пациенти се починати во болнички услови.





