Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа починале 11 лица од кои четворица од Скопје, тројца од Куманово, двајца од Прилеп меѓу кои и најмладиот починат пациент со 25 години, и по едно починато лице од Струмица и Радовиш . Сите се починати во болнички услови, велат од министерството.
- Во истиот период направени се 3.073 тестирања и евидентирани нови 490 случаи на заразени со ковид -19 .
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 198.646, бројката на оздравени е 185.660, а на починати е 7.012. Бројот на активни случаи е 5.974.






