Нови 450 случаи на корона, починале 28 лица

Во последните 24 часа се направени 2.874 тестирања, а регистрирани се 450 нови случаи на КОВИД-19 информира Министерството за здравство.



Пријавени се вкупно 28 починати лица: 9 од Скопје (57г, 62г , 66г, 66г, 69г, 72г, 73г, 76г и 80г), 4 од Битола (68г, 73г, 83г и 88г), 3 од Охрид (73г, 80г и 81г ), по 2 лица од Кочани (66г и 67г ), Струмица (63г и 79г ) и Гевгелија (73г и 80г), и по едно лице од Куманово (70г), Прилеп (63г), Кичево (71г), Неготино (64г), Крива Паланка (79г) и Струга (70г). Од починатите пациенти, 7 лица се починати во домашни услови (4 од Битола за цел месец април), а 21 се починати во болнички услови.

Регистрирани се 1.001 оздравени пациенти од:

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 151.122, бројката на оздравени пациенти е 130.910, на починати е 4.742, а бројот на активни случаи изнесува 15.470.