Нови 438 случаи, 6 починати од корона

Во последните 24 часа направени е 2.306 тестирања, а регистрирани се 438 нови случаи на ковид-19 од кои најмногу – 200 во Скопје, соопштија од Министерството за здравство вечерва.



Следат Куманово-21, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-13, Тетово-27, Велес-7, Битола-18, Охрид-16, Кавадарци-9, Гостивар-2, Гевгелија-10, Струмица-30, Крива Паланка-6, Радовиш-6, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-3, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-9, Ресен-5, Неготино-5. 

Во болнички услови починале 6 лица: Тројца пациенти од Скопје (75, 89 и 68г), од Крива Паланка (62г), Струмица (64г) и пациент од Штип (78г)

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 191 оздравени пациенти.