Потврдени се нови четири случаи на коронавирус, информираше министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.



Станува збор за лица од Дебар, на возраст од околу 55 години, кои биле во контакт со втората група заболени, односно со брачниот пар што беа втор и трет случај во земјава.

„Не можеме да бидеме сигурни со каква динамика ќе се шири вирусот. Овие мерки се сериозни и ова не е шала. Значи кога велиме нема собири-нема собири. Ова мора да се почитува. Не може вака неодговорно да се однесуваат луѓето“, истакна Филипче.

Како што најави во Дебар и во Центар Жупа ќе биде прогласено кризна состојба.