Нови 37 заразени со коронавирус

Во последните 24 часа регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус по извршени 508 тестирања.



Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани со коронавирус од почетокот на епидемијата е 1.978, оздравени пациенти се 1.422, а починати – 113.