Нови 32 починати и 820 позитивни на Ковид-19 за 24 часа во Македонија

Нови 32 смртни случаи и уште 820 заразени со коронавирус е билансот од последното деноноќие во Македонија, во кое беа направени 2.019 тестови, од кои 40,61 проценти се позитивни.



Бројот на фатални исходи од Ковид-19 од почетокот на епидемијата достигна 1.731, а тој на заразени сега е 61.543, од кои активни се 21.412.

Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 279.

Институтот за јавно здравје соопшти и за 895 оздравени, па вкупниот број на излечени пациенти порасна на 38.400.