Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.720 тестови, при што се регистрирани 319 нови случаи на Ковид–19.
Од нив во Скопје најмногу – 184, Битола – 25, Кавадарци – 23, Куманово – 14, Прилеп – 11, Велес и Кичево – по 9, Гевгелија – 7, Охрид – 6, Неготино и Делчево – по 5, Кочани – 4, Штип, Дебар, Пробоштип, Кратово и Демир Хисар – по 2, Тетово, Струга, Свети Николе, Радовиш, Берово, Валандово и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 59 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 1 починато лице од Скопје ( 66г ) во болнички услови.
Регистрирани сe 258 оздравени пациенти.






