Четири починати и 198 нови заболени е црниот биланс од битката со Ковид-19 во последните 24 часа во Македонија.
Два од смртните случаи се од Прилеп, а по еден од Скопје и од Тетово.
Од 1.382 тестирани, 83 нови позитивни на коронавирус се од Скопје, 27 од Свети Николе, 21 од Штип, 12 од Куманово, 11 од Битола, 10 од Гостивар итн.
Во последното деноноќие оздравени се 97 лица, соопшти Институтот за јавно здравство.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата во Македонија изнесува 8.530 лица, оздравени се 4.565, починати 393, а бројот на активни случаи е 3.572.





