Нови 173 случаи на корона, починаа 13 лица

Во последните 24 часа починаа 13 пациенти а регистрирани се 173 нови случаи на заболени од Ковид-19, по извршени 1.653 тестирања.



Најмногу новозаразени одново има во Скопје – 75. Следат Струга – 14, Охрид – 10, Куманово и Тетово по 9, Штип – 8, Гостивар – 7, Дебар, Свети Николе и Прилеп по 6, Кочани – 4, по тројца во Кичево, Ресен, Велес и Кавадарци и двајца во Гевгелија.

Во Струмица, Крушево, Пробиштип, Валандово и Берово има по еден нов случај на заразен.

Истовремено, 150 пациенти се излекувани.

Вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 6.625.

Излекувани се 2.784, а починале 319 пациенти.