Петнаесет смртни случаи и 493 позитивни тестови од 2.366 направени е билансот од борбата со коронавирусот во последните 24 часа во Македонија.
Од починатите, четири пациенти се од Скопје на возраст од 47, 58, 81 и 56 години, по двајца од Струга (75 и 64) и од Битола (70 и 56) и по еден од Куманово (35), од Велес (70), од Охрид (80), од Кавадарци (73), од Гевгелија/Богданци (63), од Крива Паланка (65) и од Неготино (67). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 450 оздравени пациенти.
Од почетокот на епидемијата бројот на заразени лица со коронавирус достигна 82.794, оздравени се 60.706, починати 2.488, а бројот на активни случаи изнесува 19.600.




