Нови 127 случаи на корона, двајца починати

Од 702 тестирања во последите 24 часови, регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.



По градови „води“ Скопје со 67 новозаразени, а Комисијата за заеазни болеси, наводно, предлага нови рестриктивни мерки за движење.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.