Пациентка од Скопје почината во болница и 109 новозаразени од 762 теста е билансот од борбата со Ковид-19 во последните 24 часа во Македонија.
Дваесет од новите позитивни случаи се од Скопје, 16 од Куманово, 15 од Кавадарци, 13 од Штип итн.
Од Институтот за јавно здравје соопштија и дека во последното деноноќие оздравеле 422 заболени од коронавирус.
Вкупната бројка на заболени од почетокот на епидемијата изнесува 11.942, оздравени се 8.087, починати 528, а активни случаи се 3.327.





